Јасно е дека Вардар и Ц.Звезда се големи клубови, гиганти, легендарни и имаат своја и тоа како голема историја. И кога е така имаат и свои легенди.
Па така на полувреме продефилираа на атлетската патека на Арената, голем број легенди на двата клуба. Секако дека во преден план беше Бошко Ѓуровски кој имаше и свое шоу, а тука беа покрај другите и Владимир Петровиќ – Пижон, Илија Најдоски, Кочо Димитровски, Ѓоре Јовановски, Ванчо Балевски, Стојмир Урошевиќ…