Не е шега: Меси и Роналдо ќе играат во ист тим?!

846

Големи се шансите Лео Меси и Кристијано Роналдо, за првпат, да играат во ист тим. Не е шега, но нема тоа да биде за Интер Мајами или Ал Наср, туку во еден од тимовите кои ќе се најдат на прошталниот меч на Карлос Тевез, легендата на фудбалот во Аргентина.

Некогашниот член на Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Јувентус и Бока Јуниорс, како и некогашен член на селекцијата на Аргентина, истакна дека веќе им упатил покани и на двајцата и дека големи се шансите и двајцата да дојдат во Буенос Аирес на “Бомбонера“.

Инаку Тевез има играно и со Роналдо и со Меси, па убаво ќе биде сега и двајцата се при крај на своите кариери конечно да ги видиме во еден ист тим заедно во нападот.

ПретходноАртета: Возбудата е голема! Посакуваме да ја промениме историјата!
СледноЗаврши сезоната за Зиркзе