Шампионот на Србија, тимот на Црвена Звезда од Белград, туку што пристигна во Скопје. „Црвено – белите“ вечерва гостуваат на Арената Тодор Проески во Скопје, каде што пред полн стадион ќе го одиграат хуманитарниот дуел против тимот на Вардар.
Еден од најдобрите клубови во овој дел од Европа со задоволство ја прифати поканата за овој меч во име на хуманоста и помошта за настраданите во трагедијата во Кочани.
Се е подготвено за вечерашниот меч, за кој Арената ќе биде исполнета до последно место.
На полувреме ќе продефилираат легендите на двата тима, предводени од Бошко Ѓуровски на едната страна заедно со десетина врвни имиња од Црвена Звезда, и Илија Најдоски и вардаровите легенди од другата.