На вториот контролен меч кој што Македонската репрезентација до 18. години во Скопје го одигра против соодветната селекција на Словачка, доживеан е пораз од 1:3. На денешниот меч на Комплексот Петар Милошевски во Скопје, избраниците на селекторот Ерхан Селими одиграа полошо одколку на првиот меч, па по само 45. минути губеа со 0:3.
Сепак во вториот дел колку толку се консолидиравме па преку Давид Стојановски во 60. минута намаливме на 1:3, што беше и конечен резултат.
На првиот дуел одигравме 1:1.