Победи на Далас и Мајами во плеј-инот!

95

Кошаркарите на Далас и Мајами славеа во мечевите од плеј – инот во НБА на гости кај Сакраменто и Чикаго. И јасно е дека ова се изненадувачки исходи.

На западот Далас го победи Сакраменто со 120:106 и сега за пласман во плеј – офот во НБА сезонава ќе се бори против Мемфис.

Ентони Дејвис беше најзаслужен за победата на Мавси со 27 поени и 9 скокови, додека кај поразениот тим, Дерозан со 33 поени и 7 скокови имаше забележителна партија.

На истокот пак Мајами го победи тимот на Чикаго со 109:90 и во наередната рунда во плеј – инот ќе игра со Атланта, исто така на гости.

Тајлер Хироу со 38 поени беше херојот на Мајами, а запиша и 5 скокови и 4 асистенции.

ПретходноЅвездан Терзиќ: Горди сме што и помогнавме на нашата братска Македонија!
СледноАртета: Да му удрев шлаканица на Сака ќе беше исто, пресреќен сум, сега сакаме уште!