„Скај Спортс“: Анчелоти ќе го води Реал против Барселона во Купот и си заминува!

283

Карло Анчелоти најверојатно ќе го напушти клубот на крајот на месецот, објавија британските медиуми. Анчелоти ќе го предводи тимот во финалето на Копа дел Реј против Барселона на 26 април во Севиља и се очекува да го напушти клубот веднаш по тој натпревар, објави Скај Спортс.

Реал Мадрид не успеа да ја одбрани титулата во Лигата на шампионите оваа сезона, а на седум кола до крајот на шпанското првенство е втор со четири бода помалку од Барселона. Тимовите ќе играат Ел Класико во првенството на 11 мај, но 65-годишниот италијански тренер највеорјатно нема да биде на клупата на „кралевите“ за тој меч.

Бразилската фудбалска конфедерација сака да го ангажира Анчелоти за селектор на репрезентацијата и тој би можел да биде назначен на функцијата пред крајот на шпанското првенство, објави Скај.

ПретходноИнзаги носи победи и пари: Интер со рекордни приходи од ЛШ
СледноНа 71 година се враќа во фудбалот: Магат кандидат за претседател на германски клуб