Артета: Да му удрев шлаканица на Сака ќе беше исто, пресреќен сум, сега сакаме уште!

691

Арсенал по третпат во својата клупска историја се најде во полуфиналето во Лигата на Шамионите. Тимот од Лондон навистина одигра импресивно во двомечот со Реал Мадрид и успеа со вкупни 5:1 да го елиминира актуелниот европски првак.

Своето задоволство по мечот не го криеше стратегот на Арсенал, Микел Артета:

Пресреќен сум, бевме навистина добри. Сепак не застануваме тука, сакаме уште. Дури сега сфаќам каква е атмосферата на „Бернабеу“ и што може да се случи, но ние знаевме како треба. Мислам дека Рајс беше одлучувачки фактор во овој двомеч, тој е лидер на тимот во секој момент. За Сака и за тоа како го изведе пеналот? А, што да кажам. И да у удрев шлаканица на полувремето ќе беше исто, тоа беше негова одлука. Да кажам дека Пеп Гвардиола е заслужен што сум овде, тој е мојата инспирација. Како негов помошник минав четири прекрасни години, без него немаше да бидам овде“ посочи покрај другото Артета.

ПретходноПобеди на Далас и Мајами во плеј-инот!
СледноШто порача Милојевиќ од Скопје: Би сакал да имаме регионална лига!