Валјадолид вчера во Асобал лигата приреди голема сензација совладувајќи ја Барселона со 26:24. И македонските ракометари Димитар Димитриоски и Мартин Карапалевски имаа своја улога и тоа каква, во победата на аутсајдерот.
Карапалевски постигна три гола, додека Димитриоски еден ама вреден што се вели.
Тоа беше мало ремек – дело, вистинска мајсторија на македонскиот ракометар Димитриоски кога речиси од мртов агол го совлада голманот на Барса, Емил Нилсен кој важи за еден од најдобрите ако не и најдобар голман во моментов во светот на ракометот.
Погледнете и уживајте…