Бутел беше успешна „генералка“ за шампионот пред дербито со Вардар

62

Четврта победа и за шампионот Е. Пелистер во плеј-офот од домашниот ракометен шампионат. Битолчани на денешното гостување во Скопје против Бутел остварија победа од 22:34 и останаа лидери на табелата по четири одиграни кола во разигрувањето.

Бутел освен првите неколку минути од мечот кои ги помина во егал, практично цел меч беше во негатива. Домашните не успеаја да најдат начин да им парираат на расположените гости кои до крајот убаво ја наполнија нивната мрежа.

Сепак, мечот стана во сенка на повредата на левото крило на Е. Пелистер, Цветан Кузманоски. Тој се повреди во првиот дел од мечот, па сега се чекаат лекарските прегледи за да се утврди степенот на повредата.

Инаку, со шест постгнати голови, Манасков беше најефикасен на натпреварот.

ПретходноВардар убедлив и против Тиквеш, подготвен за дербито со Пелистер (ФОТО)
СледноРаботнички ја доби „мајсторката“ и закажа финале со големиот градски ривал