Мега талентот на Црвена Звезда Василије Костов синоќа настапи за својот тим на хуманитарниот меч против Вардар, во името на настраданите во трагедијата во Кочани.
Костов е проектот на Звезда кој следно ќе биде лансиран како прва „виолина“ во составот на Владан Милојевиќ и само небото е граница за неговите фудбалски можности. Момчето родено 2008 година во Белград има само шеснаесет години веќе има петнаесетина настапи за младинските селекции за Србија, но интересно е што има македонско потекло. И поседува пасош на Македонија.
Спортспорт пред неколку месеци пишуваше за него како можна опција за нас, што во моментов можеби е и невозможно пред се поради статусот кој што Костов го има во националниот тим на Србија но тоа е сосема друга тема.
Овојпат Костов го споменуваме во сосема друга конотација. Иако дел од шампионот на Србија, иако репрезентативец на оваа земја, сепак, дел од неговото срце е македонско. Со посебна објава на социјалните мрежи посеветена на синоќешниот меч и на настраданите во Кочани покажа дека е голем, НАЈГОЛЕМ иако има само 16. години. Василије ти посакуваме се најдобро каде и да настапуваш во иднина, а Македонија секогаш ќе биде тука за тебе.