Дон Карло: Ако Реал ми даде отказ, нема проблем!

1058

Големо беше разочарувањето кај Карло Анчелоти по елиминацијата од Арсенал во 1/4 финалето во ЛШ. Реал Мадрид ја предаде круната, беше декласира со вкупни 1:5.

Таа магија на “Бернабеу“ ја снема, и во реваншот Арсенал успеа да победи, сега со 1:2. И покрај поддршката од трибините, и покрај желбата на играчите сепак се виде дека на овие два меча Арсенал беше далеку подобар противник.

По мечот Италијанецот покрај другото истакна:

Тимот се залагаше, ама не успеавме. Арсенал заслужено оди натаму. Тешко е, но сега мора да мислиме на финалето во Купот, Ла Лига и Светското клупско првенство. Не сакам сега да говорам за тоа дали јас ќе го водам Реал на СКП. Ако Реал ми даде отказ, нема проблем. Ќе им се заблагодарам на досегашната соработка. Не знам и не сакам да знам каква ќе биде мојата судбина во Реал“.

ПретходноЛШ: Фантастичен Арсенал, ништо од ЧУДО на “Бернабеу“, Реал ја предаде круната, и Интер во полуфинале!
СледноПовторно солзи: Нејмар повторно се повреди!(ВИДЕО)