Инзаги: Сакаме ова патување да продолжи

90

Екипата на Интер е учесник во поретпоследната фаза од овогодинешната Лига на Шампиони. Екипата од Милано беше подобра во двомечот против Баерн Минхен, а синоќа на свој терен одигра 2:2, што значи дека и реми беше доволно за пласман понатаму.

Тренерот Филипо Инзаги задоволен од она што се случува секако изјави дека оваа патување на Интер сезонава има капацитет да оди до крај што се вели.

„Ова беше прекрасна вечер и навивачите ни помогнаа толку многу против многу силен противник. Баерн одигра два одлични натпревари, но тие се соочија со тим кој сакаше да се квалификува по секоја цена. Постапивме многу добро, си помагавме и се жртвувавме за тимот, што е единствениот начин да се победи тим како Баерн. Важно беше да ја задржиме нашата ладнокрвност затоа што примивме гол донекаде против текот на играта, во време кога Мхитарјан беше повреден. Останавме на натпреварот, останавме со чиста глава, го свртевме резултатот, потоа оставивме да дојде до 2:2 и во последните дваесетина минути Баерн исфрли напред со Гнабри и Коман повторно се смирени. – изјави Инзаги.

 

ПретходноНајдовски: Конечно и мене да ме огрее сонце, назад на терен по девет месеци
СледноЧелзи, Арсенал и Ливерпул го следат талентот на Бетис