Карвахал до Сака: Кој си па ти да шутираш “паненка“ среде Мадрид! (ВИДЕО)

842

За малку е избегнат потежок инцидент на полувремето на “Сантијаго Бернабеу“ меѓу Дани Карвахал и Букајо Сака. Имено познато е дека поради повреда капитенот на Реал не бепе во составот, но затоа беше покрај теренот.

На него очигледно дека не му се допадна тоа што Сака се обиде да ги понижи “кралевите“ среде Мадрид и пеналот го шутираше со „паненка“. Сепак Куртоа го одбрабни тој удар на Сака.

Сето тоа не му се допадна на Карвахал кој прво вербално а потоа и физички го нападна напаѓачот на Арсенал како да сакаше да му каже?

Кој си па ти да шутираш „паненка“ среде Мадрид! Тоа е непочитување кон Реал Мадрид“.

Затоа Сака му се одмазди во продолжение од средбата кога постигна убав гол за 0:1.

Срамен потег на капитенот на Реал, ама тој треба да биде задоволен од тие вкупни 1:5 за Арсенал. Требаше да биде реално 3:10 за Арсенал на двата меча според шансите.

Реал уште и добро мина “само“ со тие 1:5.

ПретходноЃоргиев: Полуфиналето не е само голем момент за Алкалоид, туку и за македонскиот ракомет
СледноЗа првпат после пет години во 1/2 финалето ги нема Реал и Пеп! Знаете ли кој тренер тогаш ја освои ЛШ?