КЛ: Челзи загуби дома, но оди во полуфинале, продолженија во Виена (ВИДЕО)

98

Легија приреди мало изненадувањ ена гостувањето кај Челзи во еден од двата последни реванш четвртфинални дуели од Конференциската лига победувајќи со 2:1. Оваа победа на Полјаците не успеа да им донесе пласман меѓу четирите најдобри, затоа што на првиот меч дома загубија со убедливи 3:0.

Токму таа победа на Челзи му гарантираше полуфинале, па вечерва момците на Енцо Мареска си дозволија и таков луксуз да бидат поразени пред своите навивачи. Головите за победа на Легија ги постигнаа Пекхарт (п) во 10′ и Капуади во 53′, додека единствениот гол за Челзи беше дело на Кукуреља во 33′.

Во последниот меч вечерва ќе гледаме продолженија. Екипата на Дјургарден успеа да слави во Виена против Рапид со 1:2 и да им врати на Австријците за минималниот пораз на домашен терен. Таму се уште останува отворено прашањето за последниот полуфиналист.

Конференциска лига – ¼ финале – реванш

*Фиорентина – Целје  2:2 (2:1)

Јагиелонија – *Бетис  1:1 (0:2)

*Челзи – Легиjа        1:2  (3:0)

Рапид В. – Дјургарден   1:2  (1:0)

ПретходноНа 71 година се враќа во фудбалот: Магат кандидат за претседател на германски клуб
СледноЛЕ: Тотенхем и Атлетик (Б) во полуфинале, продолженија на „Олд Трафорд“ и на „Олимпико“