На 71 година се враќа во фудбалот: Магат кандидат за претседател на германски клуб

156

Легендарниот германски фудбалски стручњак Феликс Магат наскоро би можел да му се врати на фудбалот, но не како тренер туку како претседател.

71-годишниот Магат не е во фудбалот откако ја напушти клупата на Херта на крајот на мај 2022 година, а денес „Билд“ објави дека тој испратил официјално писмо до Собранието на великаните на Хамбургер каде сака да стане претседател на клубот.

Магат ја поднесе својата кандидатура за претседателската функција, за која Собранието на Хамбургер ќе гласа на 21 јуни годинава. Во последните месеци ситуацијата во второлигашот се стабилизира, па Магат очигледно смета дека ова е вистинско време да стане претседател.

Магат ја започна својата тренерска кариера во Хамбургер, а подоцна ги водеше Нирнберг, Вердер, Франкфурт, Штутгарт, Баерн, Волфсбург, Шалке, Фулам и споменатата Херта.

Претходно„Скај Спортс“: Анчелоти ќе го води Реал против Барселона во Купот и си заминува!
СледноКЛ: Челзи загуби дома, но оди во полуфинале, продолженија во Виена (ВИДЕО)