Раководството на Црвена Звезда во посета на ФФМ

559

Откако мина синоќешниот куманитарен меч организиран во чест на настраданите во трагедијата во Кочани, помеѓу екипите на Вардар и Црвена Звезда, денеска делегацијата на шампионот на Србија, предводена од првиот човек, Звездан Терзиќ беше во посета на Фудбалската Федерација на Македонија.

Секако пречекани од претседателот Масар Омерагиќ кој што приреди средечен и пријателски дочек на драгите гости од Србија.

На официјалниот состанок секако беше разговарано за соработка на двете страни од секаков вид, и истата да биде интензивирана во периодот кој што следува.

Црвена Звезда одамна немаше гостувано во Македонија, но ете одсега натаму веруваме дека овој некогашниот Европски и светски шампион ќе биде далеку повеќе присатен во нашата земја.

ПретходноМаневски: Голот е за мојот Андреј и за сите настрадани во Кочани
СледноМакедонија У18 со пораз од Словачка