По еден месец пауза поради повреда, од вчера Трент Александер-Арнолд им се врати на тренинзите на Ливерпул. Познато е дека големата ѕвезда на “Редси“ се повреди на реванш мечот со ПСЖ во 1/8 финалето во Лигата на Шампионите. Во меѓувреме Трент пропушти неколку важни средби на својот тим, исто така не играше за “Редси“ и во финалето во Карабао Купот.
Сепак прашање е дали десниот бек ќе биде во составот на тимот на Арне Слот претстојниот викенд на средбата со Лестер или пак ќе заигра првпат по паузата на мечот со Тотенхем на 27 април на “Енфилд“ кога Ливерпул и официјално ќе стане шампион во 20-ти пат во Премиерлигата.
На потег е стратегот Арне Слот.
Од друга страна Трент по завршување на сезоната најверојатно ќе се пресели во Реал Мадрид.