Маневски: Голот е за мојот Андреј и за сите настрадани во Кочани

1354

Синоќешниот хуманитарен дуел помеѓу Вардар и Црвена Звезда одигран на Арената Тодор Проески во Скопје долго ќе се памети. Поради причината која што истиот беше одигран, поради, атмосферата, поради почитта на домаќинот кон гостинот, и обратно, поради се што се случуваше во оваа убава скопска ноќ.

Како некогаш кога Црвена Звезда гостуваше во Скопје, преполните трибини на Арената го бодреа својот но го испочитуваа до максимум и противникот. Фудбалскиот дел во втор план, а сепак главен.

Погодоко за Вардар го постигна Михаил Маневски. Момчето кое што во солзи го соблече дресот и ја покажа маичката посветена на својот трагично загинат другар Андреј Лазаров, еден од многуте настрадани во трагедијата во Кочани.

„Голот е за мојот Андреј. Сакав да постигнам гол. Ете, се случи и тоа. Сакав токму на овој меч. Благодарност до ФК Вардар за овој прекрасен настан. Благодарност до гостите од Белград. Светска класа клуб. Чест е да се игра против таков тим. Благорадност лична, а и клупска што беа дел од овој хуманитарен меч. Благодарност и до публиката, до сите присутни. Се надевам дека никогаш повеќе нема да има можност за вакво нешто да се одигра фудбалски натпревар. Во името на мојот Андреј и на сите настрадани во Кочани. Никогаш повеќе вакво нешто“ – ни рече Михаил Маневски.

ПретходноВасилије Костов одигра и за својата Македонија
СледноРаководството на Црвена Звезда во посета на ФФМ