Милан е решен да го откупи договорот на Кајл Вокер

54

Италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ пишува дека Милан е подготвен трајно да го ангажира англискиот репрезентативец Кајл Вокер од Манчестер Сити, но „росонерите“ ќе ги почекаат понудите за Тео Ернандез. Весникот пишува дека Милан е подготвен на лето да потпише со дефанзивецот на Манчестер Сити постојан договор.

Англискиот десен бек им се приклучи на „росонерите“ на позајмица во јануари со опција за откуп за 5 милиони евра. Од друга страна, Милан ќе ги чека понудите за Тео Ернандез, бидејќи француската ѕвезда најверојатно нема да го продолжи договорот, кој истекува на крајот од сезоната 2025/26.

ПретходноОдличен старт: Младинците на Е. Пелистер го „растурија“ Киелце во Лигата на шампионите на ЕХФ
СледноВардар убедлив и против Тиквеш, подготвен за дербито со Пелистер (ФОТО)