Одличен старт: Младинците на Е. Пелистер го „растурија“ Киелце во Лигата на шампионите на ЕХФ

97

Младите ракометари на шампионот Е. Пелистер со победа ги започнаа настапите во ЕХФ Лигата на шампионите за младинци на турнирот во Романија. Во премиерниот натпревар од ЕХФ Лигата на шампиони за млади, со одлична игра, битолските „зелено-бели“ високо ги поразија нивнивте врсници од екипата на Киелце од Полска.

Е. Пелистер славеше со 37:29 во натпревар во кој одлично издание имаше Алем Хаџиќ, кој средбата ја заврши со 14 постигнати гола. Одлично издание имаше и Буторац со 7 и Лозановски со 5 гола.

Кај противникот, најдобар стрелец беше Печкович со 6 гола.

ПретходноСудии за ПМФЛ: Дербито во Струга за Фуркан Идризи
СледноМилан е решен да го откупи договорот на Кајл Вокер