Шарунас Јасикевичиус ја доби наградата за најдобар тренер во Евролигата.
Главниот тренер на Фенербахче ја доби наградата „Александар Гомељски“ која му се доделува на најдобриот тренер во сезоната 2024/25.
Тимот заврши на второто место во регуларниот дел од сезоната со скор од 23-11, и покрај серијата повреди на клучните играчи. Јасикевичиус стана првиот тренер кој го има освоено oва признание и како играч. Тој стана шампион 4 пати во 2003, 2004, 2005 и 2009 година.