АТП неодамна ги промени правилата, продолжувајќи го времетраењето на повеќето Мастерс турнири – некои на недела и пол, а некои дури и две недели, како да се Гренд Слемови.
Официјалната причина за оваа одлука беше да им се даде на играчите повеќе време помеѓу натпреварите за да можат да се одморат, но на сите веднаш им беше јасно дека тоа нема да биде случај во пракса.
„Можеби мислите дека двонеделен Мастерс ви дава повеќе слободни денови, но тоа не е така. Тоа се цели две недели. Претпочитам еднонеделен Мастерс. Ако ме прашате мене, тоа е подобро за тенисот“, рече Алкараз.
Главната причина поради која новонастанатата ситуација не им носи повеќе одмор на играчите е тоа што тие се целосно фокусирани на натпреварите од моментот кога ќе пристигнат на турнирот до нивното елиминирање. Тоа значи дека тренираат секој ден, дека секојдневно се психички на турнирот и дека, просто и едноставно, тоа што не играат не им дава време за некаков „христијански“ одмор.
Она што е исто така кристално јасно е дека продолжувањето на Мастерсот не е направено за играчите, туку за парите. Во превод, повеќе денови кога се играат натпревари, поголема заработка.
Да потсетиме, единствените Мастерси кои се уште траат една недела се Париз и Монте Карло, кои штотуку ги освои Алкараз оваа година.