Историја: Шведска по 38 години има клуб во полуфинале во евро-куповите

360

По синоќешните реванш четвртфинални мечеви во Конференциската лига, екипата на Дјургарден испиша нова страница од историјата и на клубот, но и на шведскиот клупски фудбал. Имено, Дјургарден по синоќешната елиминација на Рапид Виена по продолженија, оствари историски резултат, затоа што станаа првиот шведски клуб по скоро четири децении кои ќе игра полуфинале во Европа.

Швеѓаните чекаа точно 38 години за еден нивен тим да се пласира во оваа фаза од некое европско натпреварување. Последниот тим што го постигна овој успех беше ИФК Гетеборг кон крајот на 80-тите години од минатиот век.

“За првпат по 38 години, Шведска има клуб во полуфинале на натпреварување на УЕФА“, пишуваат шведските портали.

Инаку Дјургарден ќе се соочи со Челзи во полуфиналето на третото по ранг европско натпреварување.

ПретходноСавовски и Војводина поразени на стартот на финалето во Србија
СледноМеси: Ќе излажам ако кажам дека нема да играм на Светското првенство