Ѓорческа поразена во меч во три сета

143

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ фјучрсот во Копер W75 турнирот што се игра за награден фонд од 60.000 долари. Поуспешна денеска од неа беше Екатеине Горгодзе од Грузија која оствари победа од 2-1 во сетови (7-5, 0-6, 6-2) за два часа игра. Тенисерката од Грузија со триумфот го изедначи скорот на 2:2 во победи во меѓусебните мечеви на турнири од ИТФ, а сите беа решени во три сета. За Ѓорческа останува и една победа во меч од БЏК купот.

Мечот практично беше решен во првиот сет кој со 7.5 во гемови го освои Горгодзе. Таа поведе со 4:1 и 5:2 во гемови, но македонската тенисерка стигна до 5:5. Сепак последните два гема во сетот го освои тенисерката од Грузија за водство од 1:0 во сетови. Во вториот сет комплетна доминација на Лина која без загубен гем го освои сетот со 6:0 во гемови и изедначи на 1:1 во сетови. Во решавачкиот сет Горгодзе поведе со 4:0 во гемови што се покажа како решавачко бидејќи сетот заврши со 6:2 во гемови во нејзина корист.

Ѓорческа следната недела ја очекува настап на ИТФ фјучрс туннир во швајцарскиот Киасо турнир од рангот W75 што се игра за награден фонд од 60.000 долари. Според листата на пријавени нашата тенисерка ќе треба да стартува со мечеви од квалификациите.

ПретходноНова ѕверска партија на Мартин Томовски: 16 одбрани и победа против Миркуловски (ВИДЕО)
СледноНа Велики Петок: Фудбалерите на Брера во посета на манастирот Св.Леонтиј во Водоча! (ФОТО)