Браво момци Македонци: Младинците на Пелистер се пласираа на Ф4 во ЛШ!

256

Браво за момците од Битола. Браво за младинците на Е. Пелистер кои откако денеска славеа во финалето на младинската лига на ЛШ во Букурешт, против домашниот состав на Динамо Букурешт со 37:36, се пласираа на Ф4 во младинската Лига на Шампионите.

Секако дека ова е историја за клубот од Битола, но ова е историја и за сите во ракометна Македонија.

Нема што, фантастичен успех за младинците на Пелистер.

Интересно и возбудливо беше на оваа средба во Букурешт. Уште во првиот дел Пелистер покажа квалитет и на пауза се замијна со предност од 12:18 и тоа благодарение на серијата од 1:6 за битолчани.

Во второто полувреме, младите ракометари на Динамо Букурешт успеаја да се вратат во игра што се вели. Во 55.минута имавме резултатски егал од 33:33, потоа во самиот финиш беше и 36:36. Победничкиот гол беше дело на маестралниот Алем Хаџиќ, на кого ова му беше 12 погодок на средбата.

ПретходноАлкараз се побуни за одлуките на АТП
СледноСлот: Новите договори на Салах и Ван Дајк ја покажуваат амбицијата на клубот