Ливерпул вчера и официјално потврди дека Вирџил ван Дaјк останува на „Енфилд“ со нов договорот. Холанѓанецот реши да остане, а сега е откриено и кои клубови се обиделе да го доведат во своите редови на крајот од сезоната.
Ван Дајк потпиша нов двегодишен договор со Ливерпул и изјави дека е пресреќен што останува на „Енфилд“ и дека тоа му била целта од самиот почеток и дека не размислувал двапати кога добил понуда да го продолжи договорот.
Челниците на Ливерпул се свесни дека реагирале во последен момент бидејќи Салах и Ван Дајк имале неколку одлични понуди. Англиските медиуми пренесуваат дека прва Холанѓанецот го контактирала Барселона која му понудила двегодишен договор, а по неа се јавиле и Баерн и Челзи. Сепак, колку Ван Дајк е верен на „црвените“ говори фактот што тој веднаш ги одбил понудите и го преферирал Ливерпул бидејќи верувал дека ќе му понудат нов договор.