Несторовски повторно тресе во Хрватска! (ВИДЕО)

368

Илија Несторовски и попладнево покажа дека игра во извонредна форма оваа сезона, а посебно во последно време. Некогашниот македонски репрезентативец, попладнево во меч од ХНЛ за својот Славен Белупо успеа да постигне убав гол во 78.минута за 0:2 на гости кај Локомотива. Ова е вкупно седми гол за Нестор во текот на сезонава.

Со оваа победа и со головите на македонскиот напаѓач, Славен Белупо сега се наоѓа на 4.место на табелата во елитната лига во Хрватска.

ПретходноВан дер Варт: Рудигер е малку идиот
СледноУ-16: Македонија одигра без победник со Албанија!