Официјално: Шпанија ќе има пет екипи во Лигата на шампионите

235

Пет шпански екипи следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите.

Ла Лига доби дополнително место во главното европско натпреварување по елиминацијаа на Лацио од четвртфиналето на Лигата на Европа.

Шпанија е втора на табелата со коефициенти на УЕФА со 23.250 бодови, Италија е трета и нема да може да се искачи повисоко без оглед на понатамошните настапи на Интер и Фиорентина во тековната сезона на европските купови.

Оваа сезона Барселона (Лига на шампиони), Атлетик (Лига на Европа) и Бетис (Конференциска лига) се пласираа во полуфиналето во европските купови како претстатвници на Шпанија.

ПретходноМладиот ракометар на Е. Пелистер во фокусот на ЕХФ: Алем Хаџиќ – македонскиот ѕвер (ВИДЕО)
СледноСтраста и моќта на фудбалот во една слика! (ФОТО)