Ужасни, страшни вести од Хрватска. Денеска во сообраќајна несреќа животот го загуби Никола Покривач (39), познат некогашен фудбалер.
Покривач имаше и 15 настапи во најдобрата селекција на Хрватска, а играше за Динамо Загреб, Монако, Ред Бул Салцбург, Ријека и други клубови.
Роден во Чаковец на 26 ноември 1985 година.
Покривач бил дел од страшната сообраќајна несреќа која се случила во близина на Карловац, а во која која покрај него имало и уште едно лице кое починало.