Верност: Одби три европски гиганти за да остане на „Енфилд“

284

Ливерпул вчера и официјално потврди дека Вирџил ван Дaјк останува на „Енфилд“ со нов договорот. Холанѓанецот реши да остане, а сега е откриено и кои клубови се обиделе да го доведат во своите редови на крајот од сезоната.

Ван Дајк потпиша нов двегодишен договор со Ливерпул и изјави дека е пресреќен што останува на „Енфилд“ и дека тоа му била целта од самиот почеток и дека не размислувал двапати кога добил понуда да го продолжи договорот.

Челниците на Ливерпул се свесни дека реагирале во последен момент бидејќи Салах и Ван Дајк имале неколку одлични понуди. Англиските медиуми пренесуваат дека прва Холанѓанецот го контактирала Барселона која му понудила двегодишен договор, а по неа се јавиле и Баерн и Челзи. Сепак, колку Ван Дајк е верен на „црвените“ говори фактот што тој веднаш ги одбил понудите и го преферирал Ливерпул бидејќи верувал дека ќе му понудат нов договор.

ПретходноНа 31 година го собори рекордот на легендарниот Усеин Болт
СледноАмериканецот со македонски пасош во најдобрата петорка на сезоната во Евролига