Мегваер: Единствениот збор за ова што се случи е ЛУДИЛО!

342

Човекот кој го реши вчерашното четвртфинале меѓу Манчестер Ј. и Лион во Лигата на Европа со голот број пет за „црвените ѓаволи“, Хари Мегваер, победата ја опиша како тотално лудило.

„Ако го побарате зборот „луд“ во речникот, веројатно најдобро одговара на оваа игра. Беше луд натпревар и неверојатно е што го добивме резултатот што не носи понатаму. Создадовме одлични спомени за многу наши фанови, ги израдувавме и им дадовме многу да зборуваат, за добри и лоши работи“, рече Мегваер.

Манчестер Јунајтед во полуфиналето на Лигата на Европа ќе игра против Атлетик Билбао. Првиот натпревар е на 1 мај во Шпанија, а реваншот е на 8.

ПретходноЛЕ: „Лудница на Олд Трафорд“ со хепи-енд за Манчестер Ј., Бодо го шокираше Рим
СледноМладиот ракометар на Е. Пелистер во фокусот на ЕХФ: Алем Хаџиќ – македонскиот ѕвер (ВИДЕО)