Младинците на Е. Пелистер синоќа почнаа со победа на турнирот од Лигата на шампионите на ЕХФ, одигрувајќи еден исклучително квалитетен меч против полскиот гигант Киелце. „пелистерци“ со начинот на кој го одиграа мечот и високата и убедлива победа која ја забележаа покажаа дека имаат „материјал“ за високи дострели.
На овој меч посебно се издвои младиот Алем Хаџиќ, кој со своите 14 постигнати гола н амечот со Полјаците не остана незабележан и од ЕХФ. Тие на една објава на социјалните мрежи го нарекоа „македонски ѕвер“, е способен на се.
Alem Hadzic aka MACEDONIAN BEAST 😮💨🇲🇰#ehfcl #ehfYCT #handball pic.twitter.com/BfNYxdfmF9
— EHF Champions League (@ehfcl) April 17, 2025