На 31 година го собори рекордот на легендарниот Усеин Болт

3613

Јужноафриканскиот спринтер Акани Симбине направи резултат со кој собори рекорд на легендарниот Усеин Болт. 31-годишниот спринтер кој настапува на меѓународната сцена повеќе од десетина години, се уште е во одлична форма, што го потврди и на митингот „Златен Гран При“ во Габороне, Боцвана.

Симбине победи на трката на 100 метри во Боцвана со време од 9.90 секунди, пред второпласираниот Фердинанд Омањала од Кенија (10.00). Неговото време беше навистина одлично, а пробивањето на бариерата од десет секунди е секогаш голема работа.

Меѓутоа, со тоа, 31-годишниот овој пат постигна нешто несекојдневно. Симбине забележа време под десет секунди на 100 метри единаесетта година по ред. Со тоа постави нов рекорд, кој претходно го делеше со легендарниот светски рекордер Усеин Болт, кој 10 години по ред трчаше 100-тка под 10 секунди. Сега и официјално Симбине е прв на листата на великаните на светскиот спринт, оставајќи го зад себе светскиот рекордер, но и легендите како Асафа Пауел (9 години), Морис Грин (8) и Тајсон Геј и Џастин Гетлин (7).

Личниот рекорд на јужноафриканскиот спринтер на 100 метри е 9,82 секунди поставен минатата година.

ПретходноМијатовиќ: Да бидеме реални, не може секоја година Реал да ја освојува ЛШ
СледноВерност: Одби три европски гиганти за да остане на „Енфилд“