Уф, каков успех за ракометна Македонија! Неверојатен! Младинците на Е.Пелистер, по победата над Динамо Букурешт на негов терен, успеаја да се пласираат на Ф4 во Келн во младинската Лига на Шампионите а таму ќе играат со своите врсници од Барселона, Веспрем и ГОГ.
Навистина нешто фантастично за нашиот спорт и за ракометот посебно.
И кога е така, а така е, тогаш јасно е дека следуваше победничко селфи од Букурешт на младинците на Пелистер.
Исто така значајно е да се каже дека бисерот на битолчани, Алем Хаџиќ е прогласен за МВП на турнирот во Букурешт, а дури тројца ракометари на нашиот тим се избрани во идеалниот тим.
Тоа се споменатиот Хаџиќ, Леонид Лозановски и Јован Марковски.