Реал го декласира Баерн и си закажа 1/4 финале против Олимпијакос!

136

Вечерва во Мадрид во финалето на плеј – инот, кошаркарите на Реал го декласираа Баерн со 93:71 и со тоа си закажаа 1/4 финале против Олимпијакос во Евролигата.

Ако “кралевите“ пред неколку дена киксираа со Париз, сега не смееја ниту да помислат на такво нешто. Беа далеку подобри од гермаскиот состав, во текот на целиот меч го имаа водството и контролата врз настаните на мечот и на крајот заслужено победија.

Со 19 поени Хезоња беше најефикасен кај победничкиот состав, додека кај гостите од Минхен забележителна партија имаше Нејпир исто со 19 поени.

Инаку ова се сите 1/4 финални двојки во Евролигата, победниците одат на Ф4:

Фенербахче – Париз

Олимпијакос – Реал

Монако – Барселона

Панатинаикос – Ефес

*Се игра во три добиени

ПретходноУжасни вести од Хрватска: Во сообраќајна несреќа животот го загуби Никола Покривач!
СледноНеверојатно: Еве како Англија би имала СЕДУМ екипи во Лигата на Шампионите!