Савовски и Војводина поразени на стартот на финалето во Србија

47

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Филип Савовски и неговиот тим Војводина претрпеа пораз на стартот од финалето во плеј-офот во српскиот одбојкарски шампионат. Синоќа на стартот на финалната серија, Војводина загуби на гостувањето кај Раднички во Крагуевац со 3:1, по сетови (25:18, 25:15, 17:25 и 27:25).

Нашиот репрезенттаивен блокер и на овој меч беше еден од најдобрите играчи кај составот од Нови Сад. Савовски средбата ја заврши со 12 реализирани поени, како втор најдобар поентер кај поразениот состав.

Вториот меч од ова финале се игра во понеделник во Нови Сад од 19 часот и ќе биде одлична шанса за Савовски и Војводина да дојдат до израмнување во серијата.

ПретходноСтраста и моќта на фудбалот во една слика! (ФОТО)
СледноИсторија: Шведска по 38 години има клуб во полуфинале во евро-куповите