Астон Вила ја надминаа овонеделната елиминација од Лигата на шампионите и вечерва на домашен терен извојува важна победа над Њукасл од 4:1 во меч од 33. коло на Премиер лигата.
Избраниците на Унаи Емери веќе во првото полувреме покажаа дека се далеку порасположен тим од гостите, но овој дел од натпреварот заврши нерешено. Во првата минута Оли Воткинс ги донесе домашните во водство од 1:0, а Њукасл се врати со голот на Фабиен Шер во 18. минута.
Продолжението на натпреварот и навремените измени на Унаи Емери, со воведувањето на Џејкоб Ремзи и Амаду Онана, ја потврдија доминацијата на Вила. Со голот на Матсен во 64. Минута домашните дојдоа до предност од 2:1, а со автоголот на Бурн во 73. минута веќе се беше готово.
Конечните 4:1 беа дело на Онана во 75. минута од средбата.