Баерн со нова победа е на чекор до титулата во Бунделсигата (ВИДЕО)

64

Попладнево се одиграа пет натпревари од 30. коло на германската Бундес лига. Во еден од најинтересните дуели, Баерн (М) кој пред само три дена доживеа голем удар со елиминацијата од Интер во четвртфиналето од Лигата на шампионите, денеска направи сериозне чекор кон шампионската титула во Германија по триумфот на гости кај Хајденхајм со 0:4.

По оваа победа, Баерн отиде на +9 од актуелниот шампион Баер Леверкузен. Расположениот  Хари Кејн го отвори резултаот во 13. минута (ВИДЕО), а само шест минути потоа веќе беше 0:2, а стрелец беше Лајмер.

Во 36. Коман погоди за 0:3, а конечните 0:4 ги постави Кимих со префинет удар од 15 метри во 56. минута.

На останатите натпревари беа постигнати следните резултати:

Лајпциг – Холштајн Кил 1:1

Фрајбург – Хофенхајм 3:2

Мајнц – Волфсбург 2:2

Вердер – Бохум 1:0

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноТака е кога се ангажираат анонимни тренери кои прават проблеми во ПМФЛ!
СледноПМФЛ: Работнички со пресврт до златна победа, Шкендија и Силекс со триумф на гости, екстра три бода за Тиквеш, Струга ТЛ – Гостивар 1:1!