Во еден од највозбудливите попладневни дуели од 33. Коло на бунделсигата, екипата на Манчестер сити со 2:0 славеше на гостувањето кај Евертон. До првиот гол на „Гудисон“ се чекаше 84. минути. Гостите погодија со голот на Нико О’Рајли (ВИДЕО), а победата на Сити ја потврди Матео Ковачиќ во втората минута од судиското надополнување (ВИДЕО).
Брентфорд и Брајтон одиграа еден натпревар во кој имаше шест гола и победа за домашните од 4:2. Брентфорд поведе уште во деветтата минута со фантастичниот удар на Брајан Мбеумо. Брајтон израмни во третата минута од судиското надополнување со голот на Велбек.
Мбуемо веднаш по стартот ан втортиот дел погоди за 2:1, па притисокот на домаќините вроди со плод во 58. минута кога Виза го зголеми резултатот на 3:1.
Во финишот гостите во 81. минута од натпреварот со голот на Митома намалија на 3:2. А конечните 4:2 ги постави Кристијан Норгард.
На преостанатите дуели попладнево беа постигнати следниве резултати:
Кристал Палас – Борнмут 0:0
Вест Хем – Саутемптон 1:1