Коленото не изгледа добро: Ридигер мора на операција?

153

На Антонио Ридигер можеби ќе му треба операција на коленото.

Како што пренесува „Релево“, централниот дефанзивец на Реал Мадрид веќе неколку месеци игра со болки во левото колено.

Германецот има сериозни проблеми со менискусот, кои станаа компликација поради комбинираното истегнување на последните натпревари. Можно е Ридигер да мора да оди на операција.

Забележано е дека одлука за неговото колено ќе биде донесена дури по завршувањето на сезоната.

ПретходноНемаше голови, па навивачите гледаа циркуз: Клајверт му ги соблече гаќичките на Сар (ФОТО)
СледноИндијана супериорно против Милвоки за прва плеј-оф победа