Нема намера да си оди: Ако Дон Карло добие отказ од Реал тогаш ќе бара да му се исплати целиот договор!

393

И покрај тоа што се погласни се најавите дека Карло Анчелоти е веќе бивши во Реал Мадрид, посебно по дебаклот од Арсенал во 1/4 финалето од Лигата на Шампионите, тој никако не сакал да си оди од Мадрид пред јуни 2026 до кога има договор.

Како што пренесуваат медиумите во Бразил и Шпанија, Дон Карло веќе имал контакти со првите луѓе на Фудбалската конфедерација на Бразил за преземање на селекторската функција, но засега од тоа ништо.

Тој е убеден дека може и треба да биде тренер на Реал се до истекот на договорот, тоа и му го пренел на Флорентино Перез, но со важна напомена.

А таа е дека ако Реал сепак му врачи отказ тогаш ќе мора му го исплати целиот договор до јуни следната година, а тоа секако дека и не се така мали пари.

ПретходноМарк Гасол со луда приказна: Во 2009 на свадба во Србија пиев ракија со браќата на Јокиќ!
СледноСтоле доби овации на “Валјекас“, ама не доби шанса да брани против својот некогашен клуб! Рајо – Валенсија 1:1! (ВИДЕО)