Познати се сите двојки за плеј-офот во НБА: Елиминација на Далас!

638

Мајами Хит и Мемфис Гризлис се последните два тима кои оваа сезона се пласираа во плејофот во НБА лигата.

Мајами ја совлада Атланта со 123:114 по продолжение. Тајлер Херо беше лидер со 30 поени, осум скока и седум асистенции, додека Ендрју Вигинс постигна 20 поени со осум скока и осум асистенции. Треј Јанг за Атланта постигна 29 поени и 11 асистенции.

Хит беа десетти во регуларниот дел од сезоната, но ги победија Булс и Хокс во плеј-офот и одат на пресметка со Кливленд Кавалирс во првото коло од плеј-офот.

Дојде крајот на драматичната сезона за минатогодишните финалисти Далас Маверикс, кои беа поразени од Мемфис со 120:106. Победничкиот тим го предводеше Џерен Џексон Јуниор со 24 поени и седум скока, додека Џа Морант и Дезмонд Бејн постигнаа по 22 поени и девет асистенции. Ентони Дејвис постигна 40 поени за Далас со девет скока.

Мемфис на тој начин ја одбрани осмата позиција од регуларниот дел од сезоната и во првото коло од плеј-офот ќе игра против Оклахома Сити Тандер.

ПретходноФантазија или не: Сите европски трофеи сезонава во Лондон? Можно е!
СледноДончиќ ја отвори душата: Срцето ми се скрши! Мислев дека е први април (ВИДЕО)