ПСЖ сака да испише историја во Лига 1!

88

ПСЖ и оваа сезона е шампион на Франција, во Лига 1. Тоа четвртата титула во низа, но тоа не е ништо за пребогатите катарски газди на овој клуб кои сонуваат за пехарот во ЛШ. Тоа оваа сезона може и да се оствари, ако се знае како игра оваа ПСЖ во последно време и дека е во полуфиналето во Лигата на Шампионите.

Сепак според Луис Енрике, сите во клубот а тој најмногу, посакува оваа генерација на играчи на ПСЖ да испише историја и да дојде до таков успех во Лига 1 кој никој досега не го остварил.

А тоа е ПСЖ сезоната во Лига 1 да ја заврши без пораз.

Досега ПСЖ има освоено 74 бода на 28 меча, до крајот остануваат уште шест  средби.

ПСЖ има 23 победи и пет ремија на тие 28 досегашни средби.

Денеска составот на Луис Енрике игра дома со Авр и се очекува нова победа.

ПретходноПеп е реален: Ако не влеземе во Лигата на шампиони, некои играчи нема да не одберат!
СледноАсистенција на Костадинов за спас на Пјаст од пораз во 90+1.минута!