И дефинитивно Охрид ќе добие нов, модерен спортски и пред се фудбалски објект “Билјанини Извори“, по сите стандарди на УЕФА. Имено откако се изгради новата трибина пред неколку години, која изгледа прекрасно, сега на ред е таа старата која деновиве е урната. На нејзино место, барем според плановите на инвеститорите меѓу кои е и Фудбалската федерација на Македонија, ќе никне нова, модерна трибина. Трибина која ќе биде централна и во неа ќе бидат вградени сите придружни елементи на овој стадион кој ќе биде еден од најубавите во Македонија. Стадион на кој, во блиска иднина, ќе можат да се играат и меѓународни натпревари и од највисок ранг.