По фантастичниот успех, по пласманот на Ф4 во младинската Лига на Шампионите, денеска ракометните херои на Македонија и на Битола се вратија. Од страна на својот клуб Пелистер им беше приреден организиран дочек а во преден план беа првотимците на Пелистер кои искрено од срце им го честитаа големиот успех на своите помлади клупски колеги.
Навистина убава глетка денеска во Битола, а младите ракометари ветија дека не застануваат тука, и дека имаат намера и во Келн да покажат дека има сила во нив за големи нешта.
Браво момци, што друго да се каже.