Младиот македонски репрезентативен голман, Марко Алчевски, по подолго време доби шанса да биде стартер на голот на Хапоел Ерусалим во првенството на Израел и покажа зошто треба да добива поголема доверба од тренерот на тимот.
Иако неговиот тим денеска беше поразен на гостувањето кај Макаби Бнеи Раина со 2:1, Алчевски успеа да одбрани пенал со неверојатна двојна интервенција по одбиената топка. На крајот сепак, Хапоел загуби и остана зад денешниот ривал далеку од опасната зона за испаѓање во плеј-аутот.