Асистенција на Костадинов за спас на Пјаст од пораз во 90+1.минута!

77

Уште еден одличен настап за нашиот репрезентативен играч за врска Тихомир Костадинов во дресот на Пјаст во меч од елитната лига во Полска.

Иако не постигна гол, сепак Македонецот и тоа како има заслуга за голот на неговиот тим во 90+1.минута, гол со кој Пјаст освои бод.

Имено при резултат 0:1 за гостинскит состав на Корона, Костадинов асистираше до Моква кој ја затресе гостинската мрежа за израмнување, за конечни 1:1.

Костадинов го одигра целиот меч и беше еден од најдобро оценететие играчи на овој меч.

ПретходноПСЖ сака да испише историја во Лига 1!
СледноУрната е старата трибина на “Билјанини Извори“ во Охрид, еве како ќе изгледа новата на нејзино место! (ФОТО)