Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Саудиска Арабија.
Низ улиците на Џеда, Холанѓанецот ја оствари втората победа во квалификациите сезонава, со круг од 1:27.294 минути, со што постави нов рекорд на патеката, со само една стотинка предност пред Оскар Пјастри на Мекларен.
Третото место во квалификациите го освои возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, кој заостана десетинка зад Австралиецот. Покрај неверојатната борба меѓу Верстапен, Пјастри и Расел во финишот, квалификациите ги одбележа и големата грешка на Ландо Норис. Возачот на Мекларен удри во заштитната шина, предизвикувајќи прекин по неколку минути во последниот дел, па сега ќе стартува од 10-тото место на петтата трка во сезоната.
Водечката тројка ја следеше Шарл Леклер со Ферари, пред вториот возач на Мерцедес, Кими Антонели. Шести беше Карлос Саинц Јуниор со болидот на Вилијамс, а го следеа седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон и Јуки Цунода со Ред Бул.
Max Verstappen’s onboard radio after getting pole position
📻: “SIMPLY LOVELY THAT!”pic.twitter.com/0JQD9XauGQ
— RBR Daily (@RBR_Daily) April 19, 2025