Гандо за “европска“ победа на Работнички, еве како сега изгледа табелата по 28.коло! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

695

Уф, како значајна победа на Работнички денеска на Арената “Тодор Проески“ во Скопје против Пелистер. Победа од 2:1 со двата гола на Гандо, ова се чини дека е “европска“ победа за тимот од Дебар Маало ако се знае дека Струга ТЛ и Гостивар одиграа 1:1.

До 66.минута гостите од Битола имаа водство од 0:1 со голот на Ивановски, за да Гандо, напаѓачот на Работнички прво со убав гол со глава успеа да израмни на 1:1 а потоа во 89.минута со уште еден убав гол донесе победа и еуфорија кај сите во Работнички.

Сега тимот на стратегот по ова 28.коло има +4 бода во однос на Гостивар и +6 бода пред Струга ТЛ во таа битка за третата позиција на табелата која води во фудбалска Европа.

Инаку вака изгледа табелата по ова 28.коло, секако дека на Вардар ќе му ги сметаме трите бода кои ќе ги добие по катастрофалниот потег на тренерот на Воска,Клодиан Арбери кој ја повлече екипата на мечот со Вардар.

ТАБЕЛА

Шкендија 62, Силекс 58, Работнички 52, Гостивар 48, Струга ТЛ 46, Шкупи 33, Вардар 32, Пелистер 29, Тиквеш 26, Брера 24, Беса 24, Воска 22…No description available.No description available.No description available.No description available.No description available.No description available.No description available.No description available.No description available.No description available.

No description available.

ПретходноУште еден „луд“ натпревар: Барса од 1:3 до 4:3 со гол од пенал во 98. минута (ВИДЕО)
СледноХаос по мечот во Струга: Приведени неколку играчи на Гостивар, нападнале полицајци!(ВИДЕО)