Историјата се повторува. Пред 15 години, во таа славна 2010 година кога Македонецот Пандев и другарите во Интер, предводени од Жозе Мурињо, во полуфиналето ја минаа Барселона и го освоија пехарот во ЛШ, сега одново во полуфиналето ја имаат за пречка каталонската гордост.
Фабио Капело, легендарниот италијански стратег, смета дека Интер има добри шанси и сега да ја победи Барса во полуфинален двомеч во ЛШ.
“Ако Интер во таа 2010 година го сопре Меси, зошто сега да не го сопре и Јамал. Видете, Јамал не е Меси, барем засега. Станува збор за мега – талент, но Ламине сеуште е дете, далеку е од Меси во таа 2010 година. Луѓето велат дека тој е новиот Меси, но таа споредба, барем засега, е претерана“ посочува Дон Фабио.